Нека денешниот празник внесе спокој во Вашите домови. Нека ваквите големи празници бидат мотив да се присетиме на најважните пораки кои ги шири Христијанството, а тоа се: мир, заедништвото, праведност и добрина.
Сплотеноста којашто со себе ја носи Голема Богородица треба да не води за да бидеме хумани секој ден, споделувајќи љубов, внимание, грижа и сочувство.
Да бидееме смирени и истрајни во заложбите за градење заедничка, подобра иднина, да се спротиставиме на неправдите. Да живееме сакајќи ги ближните и почитувајќи ги сите други. Да помагаме сите во рамки на можностите и надлежностите. Сите заедно да изградиме подобра иднина во напредна и перспективна Македонија.
Уште еднаш ви го честитам овој голем христијански празник со искрени желби за многу здравје, среќа и личен успех, се вели во честитката од градоначалникот Пецаков.