АктуелноОхрид

(ФОТО) Неделен преглед на редовни и вонредни активности на Екипите Паркови и Зеленило

Во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица се уредуваше неуредна вегетација во селата Завој и Велгошти
✅Косење и чистење обраснато зеленило во с.Коњско, покрај магистралниот пат до Свети Стефан, косење ул.Сирма Војвода, ул. Караорман, детски игралишта на ул.Јане Сандански и ул. Булевар Туристичка, населба Христо Узунов и уредување на украсно зеленило во бетонска жардињера ул.Железничка
✅Покрај редовното косење на тревните површини во градски парк и ул. Булевар Туристичка, се искоси и тревникот и ниската вегетација кај х.Палас (по повод фестивалот за Водени Спортови Ohrid Water Festival 2024)
✅Секојдневно се врши плевење и обнова на цвеќа и зелен појас, режење на трендафили, плевење на паркот кај кружна сообраќајница ул.Партизанска и покрај дрворедот ул.Димитар Влахов, наводнување на зелен појас и уредување на украсни форми 🌹🍀🌸