„Ако сте гурман, во Охрид ќе бидете во рајот. Кога станува збор за цените, тоа зависи од каде ќе седнете, но генерално гледано кога ќе се спореди со Белград, Охрид е и повеќе од поволен. Таму ја јадев најсовршената баклава’, споделува Ирис Крџиќ од Србија.
Ирис Крџиќ од Србија е вљубеничка во природата, а со својот партнер обожаваат патувања.
Така, летово Охрид беше нејзина дестинација и вели дека таму буквално се чувствувала како дома.
На нејзиниот Инстаграм профил „Priroda Mi Društvo“, таа ги пренесува впечатоците оттаму.
Ирис за нашиот бисер вели:
„Охрид е совршен баланс на спротивностите и вистинско место за оние кои сакаат активен одмор.
Од јавање коњи на Галичица до планинарење со спектакуларен поглед на двете езера, Охридско и Преспанско, до возење со чамец, изнајмување кајак, параглајдинг, како и истражување на богатата историја преку културните знаменитости и, на располагање имате сè.
Ако сте гурман, во Охрид ќе бидете во рајот. Кога станува збор за цените, тоа зависи од каде ќе седнете, но генерално гледано кога ќе се спореди со Белград, Охрид е и повеќе од поволен.
За специјалитетите немам збор, што и да пробате ќе ве воодушеви, а јас би ја издвоила баклавата.
Таму ја јадев најсовршената баклава. Со фстаци, со лешник, со чоколадо, на вас е само да изберете. Едно парче баклава ме чинеше од 15 до 25 денари“.
crnobelo.mk