Македонската џез уметница Наташа Миха ја воодушеви публиката со својот исклучителен концертен настап во рамки на втората вечер од овогодинешното издание на „Охрид џез фестивал“.
Придружувана од врвните музичари Дамир Имери и Иван Бејков, Наташа Миха, ја пренесе својата емоција и креативност на сцената, создавајќи незаборавно музичко искуство.
Се радувам што овој фестивал донесе една нова позитивна енергија на културната понуда во Охрид и верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива во иднина, напиша градоначалникот Пецаков.