вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Обука за парамедици во Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид објавува повик за пројавување на интерес за учество на напредна обука за укажување на прва помош која ќе се спроведе во соработка со инструктор од Црвен крст Зеволде од Холандија.
🗓️Обуката ќе се реализира во Црвен крст Охрид во месец септември 2024 година и ќе трае 12 дена.
👉Кандидатите треба да имаат претходно познавање на основи на првата помош и напредно ниво на познавање на англиски јазик.
☎️Повеќе информации сите заинтересирани може да добијат на телефоните 046 262 706 и 070 315 309, а пријавите може да ги испратите на 📩email ohrid@redcross.org.mk и на следниот линк https://docs.google.com/…/15lt2C7eKtP7BvCQpEL5Z…/edit…
📌Претходно беа направени две вакви обуки во 2016 и 2018 година.