АктуелноОхрид

Пецаков: Денеска ги посетив екипите кои на терен вложуваат надчовечки напор во борбата со огнената стихија на Галичица

Денеска ги посетив екипите кои на терен вложуваат надчовечки напор во борбата со огнената стихија на Галичица.
Извршив обиколка на теренот каде се прават земјени појаси за да се спречи понатамошно ширење.
Состојбата е стабилна, а во моментов повеќе од 100 пожарникари, вработени во Националниот парк “Галичица “, ДСЗ, ЦУК, членови на планинската служба за спасување, волонтери и други продолжуваат со активностите за гасење.
Заедно со Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да ги обезбедуваме потребните средства, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.