СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО
Црвен крст Охрид од вчера (15.08) прифаќа донации во храна и пијалаци во своите простории, наменети за лицата коишто со денови неуморно се борат со огнената стихија на Галичица. Донации од граѓани и од организации започнаа да пристигнуваат веднаш по објавениот апел, а пристигнуваат и утрово.
Донациите примени до овој момент веќе се на пат за Галичица.
Црвен крст Охрид им изразува огромна благодарност на граѓаните, на фирмите и на институциите коишто со своите донации ги поддржуваат натчовечките напори за гаснење на пожарот на Галичица.
Црвен крст Охрид ја информира јавноста дека ќе продолжи да прифаќа донации од граѓани и од организации во своите простории на улица „Димитар Влахов“ број 52, и тоа:
денес (петок, 16.08) до 15:00 часот
утре (сабота, 17.08) од 09:00 до 12:00 часот
задутре (недела, 18.08) од 09:00 до 12:00
Потсетуваме дека се потребни донации во:
Конзервирана храна – месни нарезоци, паштети, сардини
Вакумирано сувомеснато
Вода во пакување од 0,5 литри
Пијалаци, негазирани и газирани
Житни барови
