Денеска од Вевчанските извори покрај бистрата вода, низ Вевчани тече и позитивната енергија, радоста и креативниот дух на младите уметници, членови на ликовното студио ,,Св.Кирил и Методиј” – Битола кои во изворите во теков на целиов ден создаваат ликовни творби на тема: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за младите уметници”.
Повелете денес во 18,00 часот во центарот на Вевчани да ги погледнеме нивните уметнички дела.