АктуелноОхрид

Стартува продажбата на сезонски билет со почетокот на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“

Со почетокот на Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски” од 20ти август, стартува продажбата на СЕЗОНСКИОТ БИЛЕТ за сезоната 2024/2025! Сезонскиот билет ќе се продава исклучиво на билетарата на СРЦ Билјанини Извори!
Сезонскиот билет важи за сите домашни натпревари во Супер лигата и плеј-оф натпреварувањето, како и Куп елиминациските натпревари!
Цената на сезонскиот билет со официјалниот дрес од ГРК Охрид изнесува 2500 денари!