АктуелноОхрид

Охриѓанец со тешки телесни повреди пренесен во болница, по експлозија на неисправна плинска боца

На 10.08.2024 година во 16,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија. Притоа, 58 годишен жител од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи.

извор: СВР Охрид