АктуелноОхрид

(ФОТО) Охридските пензионери дел од прославата на Св.Петка во с. Велмеј

Членовите на КУД Далги при здружението на пензионери на општините Охрид и Дебарца, заедно со верниците и гостите во село Велмеј на 8 август го прославија големиот верски празник Св. Петка.

 

Во прекрасниот амбиент и природа пензионерското КУД Далги исполнија дел од својата изворна фолклорна програма, етно сплетот „На сред село“ со песни и ора од овој регион на задоволство на сите присутни каде по долг период се слушна звукот на гадата и тапанот, членовите во убавите традиционални народни носии исполнија песни и го одиграа невестинското оро на најоригинален начин.

Прекрасна беше глетката кога на Исток кај чешмата со 18 дулци заедно сите, пензионерите, младите, гостите и пионерите го заиграа македонското оро со музичка придружба на гајда и тапан исполнувајќи го целиот простор, тоа беше величествено.

Честитки и голема почит за организацијата на пославата од страна на црковниот одбор од црквата Св. Петка, село Велмеј.