петок, ноември 22, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Превентивната кампања „Безбедно лето 2024“ во СВР Охрид

На 10.08.2024 година, тим од полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и инспектори од Капетанија на пристаништата од Охрид, извршија контрола на пловни објекти кои пловат по Охридското езеро.
Притоа, во езерските води, на потегот Охрид-Пештани-Радожда-Калишта-Струга-Охрид, во согласност со Законот за внатрешна пловидба, беа контролирани повеќе пловни објекти, беше извршено и легитимирање на повеќе лица при што не се констатирани прекршоци по ниеден основ. Денешната контрола беше извршена во рамките на превентивната кампања „Безбедно лето 2024“.