АктуелноОхрид

Автомобил излета од патот на „Железничка , повредени сопружници од Охрид и нивните две малолетни деца

Патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39 годишен Охриѓанец, излетало надвор од коловозот. Несреќата се случила вчера во 23 часот на улицата „Железничка“ во Охрид.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 34 годишна Охриѓанка, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.