АктуелноОхрид

(ФОТО) Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ максимално ангажирани 24 часа со сите свои расположиви технички и човечки ресурси

Пред и по Илинден традиционално оперативните служби со полни раце работа; Во шпицот на туристичката сезона кога во градот на разни локации се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања, зголемена е динамиката за одржувањето на јавната чистота и зеленило
✅Од раните утрински часови се справуваме расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро, каде најголем проблем ни создаваат групите од млади луѓе кои се забавуваат на просторите каде се одржуваат концертите, на мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк и уште на многу други локации низ градот
✅Но сепак, после големиот труд и посветена работа на нашите дежурни служби, Охрид повторно блеснува во својот полн сјај, природна убавина и автентичност