МакедонијаНаш ИзборНаш изборОхрид

На „Ohrid Calling“ Прилепчанец уапсен со марихуана, Скопјанец со кокаин

На 01.08.2024 во 22.50 часот, на музички концерт кој се одржуваше на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај лице (30) од Прилеп, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај лице.(20) од Скопје, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.