Наш ИзборНаш изборОхрид

Четири лица повредени во сообраќајка во Охрид

На 01.08.2024 во 10.10 часот, на улицата „15 корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од лице (50) од Р.Австрија и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице (40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“  лице .(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник лице (50) од Охрид, како и уште една сопатничка од возилото „поло“ лице.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.