АктуелноОхрид

Празнување на големиот верски празник Илинден во црквата Св. Илија во Лескоец

Со Света Богослужба на денот и свечен ручек ќе биде одбележан големиот верски празник Илинден во црквата Св.Илија во село Лескоец.

Празнувањето ќе започне од четврток во попладневните часови а ќе продолжи во текот на следниот ден петок.

Богослужбата ќе започне во 7,30 часот а по осветувањето на водата и празничните лебови, ќе следи и посен ручек.

Добродојдени се сите верници и почитувачи на овој голем верски празник.