АктуелноОхрид

Охриѓанец физички нападнал член на семејството

На 29.07.2024 во 18.25 часот, на улицата „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (22) од Охрид, кој претходно во семејниот дом физички нападнал член на семејството, а потоа агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.