сабота, ноември 23, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Историски час на тема – Дервенџиството во Трпејца во втората половина на XVI век

Вчеравечер во Трпејца на Културното – забавно лето во организација на здружението “За Трпејца со љубов”, студентот по историја при Филозофскиот Факултет – Скопје, Петар Симоноски, одржа историски час на тема: Дервенџиството во Трпејца во втората половина на XVI век.
Со тоа ја зголеми љубопитноста и интересот на присутните.
Симоноски во завршниот дел испрати порака до присутните да ја сакаат, негуваат и почитуваат историјата бидејќи таа е водилка и учителка на животот како и грижа за македонското културно наследство, поголема промоција и афирмација на истото.