АктуелноОхрид

Дела од Вангел Наумовски, сопственост на болницата „Св. Еразмо“, се конзервираат и подготвуваат за изложбата „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски”

Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ Завод и Музеј Охрид, околу конзервирањето и припремата за изложување на колекцијата слики од Вангел Наумовски сопственост на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа на својот фејсбук профил од НУ Завод и музеј Охрид.

Тимот го сочинуваат Катерина Велкоска , кустос , раководител на проектот ”100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски” Сашо Блажески, козерватор за штафелајно сликарство и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство.

Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини. Во овој доста краток период се привршуваат најважните чекори кон заштита на оваа значајна збирка за престојната изложба „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски“, која претставува дел од овогодишната изложбена програма на НУ Завод и Музеј Охрид, потенцираат од Установата.