АктуелноОхрид

Утре Света Архиерејска литургија во храмот Пресвета Богородица Заумска -Заум

Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на ден 15. Јули 2024 година (понеделник), ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Полагање на риза на Пресвета Богородица во Влахерна.
– 7:30 утрена богослужба
– 08:45 Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Исто така ве известуваме дека има организиран превоз од селото Трпејца од местото викано Надол.
ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА
ДЕБАРСКО – КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
МИТРОПОЛИЈА ОХРИД