На 13.07.2024 во 21.45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени се 25 годишен Стружанец и 30 годишен Прилепчанец. При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид