АктуелноОхрид

Македонски Телеком: Решавање на прекинот на услугите во Куратица

По објавата на Охрид 1 „Телеком“ се изживува со 200 жители со својот монопол во Куратица, ги остави повеќе од месец без услуга, регираат во Јавниот допис жителите од Куратица  со допис  до нашата редакција се огласија Македонски Телеком. Дописот го пренесуваме во целост:

Македонски Телеком  искрено жали што жителите на Куратица се соочија со продолжен прекин на услугите. Разбираме дека ова создава нервоза и фрустрирација и искрено ни е жал за предизвиканата непријатност.

Проблемот произлезе од сериозно оштетена мрежна инфраструктура на повеќе места при изведување градежни работи на магистралниот пат Охрид-Ресен од трети страни. И покрај нашите навремени интервенции за санирање, заради секојдневните прекини, санацијата се покажа како сложена работа на инфраструктурата. Нашите тимови работат на алтернативни начини на поврзување и очекуваме нормализирање на услугите во најкраток рок.

Ќе останеме посветени на спречување на идни прекини и им благодариме на заедницата на Куратица за трпението.

 

Поврзани вести:

https://ohrid1.com/archives/102839