АктуелноОхрид

Девојката што падна кај Заливот на коските е наша позната манекенка, има искршено 11 ребра, а оштетен и е и белиот дроб: „Како може да сте толку злобни“

Во СВР Охрид на 06.07 во 21.40 часот било пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, информира МВР.

Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.

Станува збор за наша познатата македонска мисица и манекенка Емилија Розман кој вечерва се огласи од болничка постела:

-Драги познати и непознати, затоа што не секој имал среќа како мене да биде воспитан и израснат во таква околина во која сме знаеле дека ако немаме нешто убаво да кажеме, треба да си молчиме, еве да Ви се обратам по повод мојата здравствена состојба. И не го правам ова за сите душегрижници и дежурни хејтери на кои термините љубов, грижа и емпатија им се непознати, туку за сите прекрасни луѓе кои ме ме преплавија со толку многу љубов овие неколку дена, што час плачам од болки, час плачам од среќа што сум толку љубена.

Во саботата вечер имав незгода во Заливот на коските во Охрид при што се лизнав, што од моја несмасност, што од лоша проценка на простор, за конструкцијата на оградата не можам да коментирам затоа што не сум компетентна, при што имав пад од околу 7 метра и искршив 11 ребра. Притоа ми беше оштетен и белиот дроб и бев во најбрз можен рок префрлена од болницата свети Еразмо на Торакална Хирургија во Скопје.

Не чувствувам потреба да се правдам некому зошто сум се сликала во болнички кревет, кој патем не се наоѓа во Вашиот двор, но поради тоа што имам голем број другари, пријатели, соработници и слично, најлесен начин да го објаснам моето неодговарање на повици е со една фотографија. Жал ми е што многу од Вас ги користат социјалните мрежи само за креирање на лажна слика за Вашите ,,совршени” животи, па сметам дека оттаму и Ви доаѓа потребата да давате коментари од типот на: Ааххх се ќе направите за лајк и мајка и ја барала таму (иако тие сега ќе се слика за ренген јаки беа, браво за хуморот).

Знам каде е мајка ми во секое време, како што знае и таа јас каде сум. Ама еве нешто што не знам е како може да сте толку злобни, сите ли имате израснато во дисфункционални семејства без родителска љубов, па Ве храни смеењето на туѓи несреќи? Немате ли видено ниедно совршено зајдисонце кое сте посакале да го фотографирате? Никогаш ли не сте го удриле малото прсте во ќошот од креветот? Не Ви паднало лепчето на намачканата страна? Амааа…

Кучињата ќе лаат, караванот ќе врви, Вие ќе си пишувате глупави коментари, а јас ќе го славам животот и втората шанса што Бог ми ја даде. Не можам ни да Ви опишам колку сум среќна, каков прекрасен живот имам и какви луѓе во него, буквално денес учам пак да одам и вриштам од болки, а бликам од среќа, ама сум искрена и реална личност која не се крие зад екранот зад глупави коментари, туку си живее, макар била ружна и поминала покрај мисица, ама еве сега ќе викнам студио за убавина, бидејќи во болнички кревет не е важно здравјето, туку како изгледате. Ај гитла таму, најдете си психијатар, земајте терапијата и одете учете емпатија и емоционална интелегинција.