АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Понеделник 15 јули Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ Заум, известуваат од МПЦ ОА

Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на ден 15. Јули 2024 година (понеделник), ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Полагање на риза на Пресвета Богородица во Влахерна.
– 7:30 утрена богослужба
– 09:45 Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Исто така ве известуваме дека има организиран превоз од селото Трпејца од местото викано Надол.
ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА
ДЕБАРСКО – КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
МИТРОПОЛИЈА ОХРИД