АктуелноОхрид

Петровден годинава е во петок, се јаде риба а не месо, како правилно да го прославиме празникот?

Почитувани благочестиви и богољубиви парохијани, секој ден добивам едно исто прашање дали во петок на празникот Петровден,бидејќи паѓа во петок,а било пост на трпезата дали да се принесува мрсна храна?
Одговирот е НЕ, никако
Петровденскиот пост трае до празникот на светите апостоли Петар и Павле (29 јуни/12 јули по нов стил). Меѓутоа, ако празникот се падне среда или петок се ублажува на риба, но не и месо.
Знаете ли зошто треба да постиме во среда и петок?
Постиме од благодарност кон Бог. Се сеќаваме во тој наш подвиг, во тоа наше мало само одрекување од вкусна и мрсна храна, на сите маки и страдања што ги претрпе Богочовекот Христос за сите нас. Во среда беше предаден за 30 сребреници , исмеван и биен, и целата таа агонија во Гетсиманската градина се случува во среда. Во петок заради крстната жртва на Голгота, денот кога Бог заради нас и нашето спасение ниту јадел, ниту пиел. Во Својата жед кога побарал вода да му дадат, му дале жолчка и оцет.
(Ова правило важи за сите денови среда и петок во текот на целата година овен за редовните седмици во кои се блажи).
Со божји благослов отец Ристе Наумоски.