На Петровден во село Врбјани , Дебарца, охридско во 16 часот ќе се одржи програма пред споменикот на средсело за поставување на македонското знаме и копјето со штитот со учество на историски говор.
Учество ќе земат играорни друштва „Филиграни“ и друштво за македонска древна култура Филип Втори, со Македонската Фаланга.
Во 18 часот ќе се продолжи веселба со македонска музика и песни од естрадниот пејач Мирослав Мирчески. Добродојден е секој, истакнуваат од МЗ Врбјани.