Наш ИзборНаш изборОхрид

Над 130 учесници oд целата држава на Планинската вело тура Вевчанска Голина – Локва

Еко-свест Вевчани и Велосипедско друштво Рупикапра MТБ Струга овој викенд на 7.7.2024 година, беа организатори на Планинската вело тура Вевчанска Голина – Локва.
Над 130 учесници од целата држава, се запознаа и уживаа во убавините на Вевчани, планината Јабланица и Споменикот на природа Вевчански Извори.

Турата која има за цел промоција на природните убавини и потенцијалот за велосипедски туризам на планината Јабланица ги освои импресиите на учесницитe.