АктуелноОхрид

Возило излета од патниот правец Трпејца-Преспа преку Галичица, има загинати

Излета патничко моторно возило кое попладнево се движело на патниот правец Трпејца-Преспа преку Националниот парк Галичица.

Според информација од планинската спасителна служба при Црвениот крст Охрид во несреќата две лица го загубиле животот.

Екипи на полицијата се упатиле кон местото на несреќата и се очекуваат повеќе детали.