недела, ноември 17, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

После децении молење и чекање жителите на „Анастасија Узунова“ добија асфалт

Жителите на улицата „Анастасија Узунова“ после децении праќање писма во медиумите и молење кај локалните власти, конечно го дочекаа асфалтот. Имено луѓето кои живеат на оваа улица до медиумите повеќе пати наназад испраќаа писма со кои сетрудеа да издејствуваат асфалтираање на нивната улица, а речиси на сите избори тоа им беше ветувано.

„За се отвори улицата ни беа одземени пола дворови, затоа што тука немаше улица, со ветување дека ќе ни биде платено и дека улицата ќе биде асфалтирана. Поминаа многу години и избори, но никој не го исполна ветувањето. И ден денес не ни е платено за одземениот имот и улицата не е асфалтирана. Навистина е срамота во 21 век да има ваква улица на само 5 минути од центарот на градот, велат жителите.“ – пишуваа жителите до медиумите во април 2016.

Денес на ФБ страната на охридскиот градоначалник Кирил Пецаков осамна пост со информација дека улицата е асфалтирана, со што се реши овој проблем и дојде крај на чекањето и молењето за жителите од оваа улица.