АктуелноОхрид

Поради дефект неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата „Гоце Делчев“

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до завршување со санацијата.

извор: ЈП Водовод