Наш ИзборНаш изборОхрид

Празнична вечерна богослужба денес, а утре, Утрена богослужба во црквата Св.Еразмо Охридски

Како и секоја година така и оваа година на 14 и 15 Јуни срдечно ве покануваме заедно да го прославиме значајниот христијански празник посветен на нашиот заштитник и Охридски чудотворец – Свети Еразмо.
1. На 14 јуни 2024 година во 19:00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба.
2. На 15 јуни 2024 година во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба.
3. Пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски ќе биде потоа во 09:00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:15 часот.
Нека ни е напомош празникот Свети Еразмо и за многу години, се гледаме во манастирот!