Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младите фудбалери од фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид, кои ја освоија титулата -Државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година.
Градоначалникот Пецаков упати срдечни честитки до дечињата и нивните трењери со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истака дека Општина Охрид како и до сега ќе продожи да инвестира во спортот и да дава поддршка на младите спортисти.
На првенството во категорија на детски лиги организирано од ФФМ, екипата на „Фер Плеј“ играше без пораз и беше најдобра во конкуренција од 120 клубови од цела Македонија.
„Фер Плеј“ е првата охридска фудбалска екипа која освоила ваква титула. Екипата ја водат тренерите Марјан и Игор Настоски.