АктуелноОхрид

Охридската оперска дива Миланка Новеска ја доби стипендијата а следно ја подготвува најголемата улога Толомео за летово во Салуцо, Италија

Овие две години беа исклучително важни за мојот уметнички раст!
Чест ми е да ја добијам стипендијата S:t Johanneslogen S:t Erik и стипендијата Drottningholm Slottsteater Vänner, кои ми дадоа неверојатни можности и ми обезбедија непоколеблива решеност да продолжам да работам кон моите соништа.
Сега подготвувам една од моите најголеми улоги досега, Толомео – Кралот на Египет, од Хендел која ќе ја изведам во продукција летово во Салуцо Италија.
Благодарност до сите вклучени, истакнува во својата обајва оперската дива Миланка Новеска.