АктуелноОхрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава за лице од Кочани за сторено дело „измама“ во врска со „надрилекарство“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и 55 годишно лице од Кочани, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ во врска со „надрилекарство“. Од 2020 година до поднесување на пријавата, второпријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со тие што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и електро полнач, кои ги употребувал како бренер за загревање и за инхалација кај граѓаните, преку вдишување на оксиводородна смеса во гасовидна состојба, која се користела за индустриски цели.

извор: СВР Охрид