недела, ноември 17, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

ЦЈЗ: Апел за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран

Топлото време и високите температури кои ги чувствуваме деновиве, како институција која се грижи за јавното здравје, не обврзува да Ве потсетиме и апелираме за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран‼️
🔴Во таа насока, а со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во овие надпросечно топли денови, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги обават потребните административни формалности, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати.
🟥Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 078 488-250 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч., каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар.

Центар за јавно здравје Охрид