Наш ИзборНаш изборОхрид

Константин Златаноски од ОУ„Кочо Рацин“ освои трета награда додека Тео Јованоски и Изабела Томановска добија пофалници на Државниот натпревар по биологија

Со огромна гордост ја објавуваме веста дека нашите ученици постигнаа одлични резултати на Државниот натпревар по биологија кој се одржа на 8.6.2024 на Природно-математичкиот факултет во Скопје.Ученикот Константин Златаности од 

VII одделение под менторство на Татјана Лошкоска освои трета награда.

Учениците Тео Јованоски (VII одделение) и Изабела Томановска (VIII одделениепод менторство на  Ленче Грунчевска добија пофалници.

Овие успеси се одраз на нивната посветеност, труд и страст кон биологијата.  Нивниот успех е и поттик за сите нас и покажува дека упорноста и љубовта кон науката секогаш носат позитивни резултати.

Продолжете да се стремите кон вашите цели и да ги остварувате вашите амбиции.

Честитки до учениците и менторите за нивните постигнувања!