Наш изборНаш ИзборОхрид

Црква „Св. Константин и Елена“ во Охрид

Свети Константин и Елена — македонски православен храм кој се наоѓа на доминантно место, во стариот дел на градот Охрид во непосредна близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, односно во дворот на ОУ „Климент Охридски“ – Охрид.

Над јужниот влез од внатрешноста е откриен натпис од кој дознаваме дека црквата е изградена и фрескоживописана во 1477 година. Во архитектонски поглед оваа црква е еднокорабна со попречен полуоблест свод. Подоцна од јужната страна е доѕидан мал параклис посветен на света великомаченица Параскева. Во внатрешноста целата црква е фрескоживописана.

Црквата се наоѓа во стариот дел од градот, во непосредна близина на основното училиштие Свети Климент Охридски.

 

 

mk.wikipedia.org