АктуелноОхрид

Утре ревијален настан „Вози велосипед, уживај и профитирај“

Утре, на Светскиот ден на велосипедизмот, од 11:00 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и профитирај“.

Проектот е посветен на физичката видливост на бизнис-идеjата за рекламирање на компании преку кампања заснована на велосипеди.

– Со вклучување на велосипедизмот во животниот стил, велосипедистите не само што можат да уживаат во физичките и менталните придобивки туку можат и потенцијално да заработат приход од рекламирањето компании и да развијат вредни вештини. Во првиот дел, предвидено е теоретска обука за безбедност на сообраќај од страна на претставник од СВР Охрид и практична обука за стекнување на велосипедски вештини од страна на претставник од велосипедски клуб. Вториот дел од настанот кој започнува во 12:00 часот ќе има тура со велосипеди во урбаните области придружена од претставници на СВР Охрид. По турата, учесниците ќе имаат организирана забава со диџеј, забавни и спортски активности, освежување и подароци, информираат организаторите.

Настанот е наменет за забава, дружење, промоција на бизнис-идејата и на здравите животни навики и не е со натпреварувачки карактер. Најважно е сите учесници не само да пренесат влијателни маркетинг-пораки на компаниите, туку и да се промовираат еколошки алтернативи за транспорт и да се поттикне ангажманот на локалната заедница.

Организиран е од Здружението за едукација, култура и младински активизам „Граѓански Интегритет“ Охрид и е поддржан од Општина Охрид и локални бизниси. (Крај)

извор: ОхридПрес