На 26.05.2024 околу 16.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека три лица на возраст од (42), (20) и (20), сите од струшкото село Делогожда, со алат оштетиле старо минаре од џамијата во селото, предизвикувајќи општа опасност во пошироката околина.
Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.