понеделник, ноември 18, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО)”Од Битола до Вевчани се сардисано” , годишен концерт на КУД ” Дримкол” Вевчани

Синоќа во домот на културата во Вевчани КУД ” Дримкол” го одржа својот традиционален годишен концерт со наслов ” Од Битола до Вевчани се сардисано” . Концертот оваа година беше посветен на традиционалниот фолклор од југозападното играорно подрачје.

Синоќа вевчанци со песна и оро тргнаа од Битола  преку Железник во Долна Преспа, потоа во Охрид и низ струшкото поле стигнаа во своето Вевчани.

-Особено ни е драг овој концерт бидејќи ја презентиравме традиционалната  играорна култура на Брсјаците. Публиката со воодушевување ја прифати програмата и ја награди со силни аплаузи, истакнуваат од КУД ” Дримкол” Вевчани.

И со овој концерт КУД “Дрмкол” покажа дека е достоен чувар на традиционалната култура во нашата држава.

Концертот е финансиски поддржан од Министерството за култура на РС Македонија.