Од денес вработените во Македонска пошта од подружницата во Охрид повторно на протест. Заради крајно неповолните и алармантни состојби во кои се наоѓа компанијата во организација на Синдикатите на Македонска пошта вработените отпочнуваат со протести во сите единици на Поштенската мрежа, вели Тони Матески, претставник на Синдикат на Македонска пошта до Охрид.
Овие протести се израз на револт и незадоволство на вработените заради непочитување на законските рокови за редовна исплата на плати, крајно негативните состојби со кои се соочува компанијата, како и непочитување на обврските превземени од страна на менаџерскиот тим од потпишаните сооигодби со Синдикатите во Македонска Пошта. Наместо подобрување и стабилизација на состојбите од ден на ден имаме се повеќе продлабочување на кризата којашто се одразува на нормалното функционирање на компанијата, потенцира Матески.
Посочува дека се повеќе се соочуваат со хроничен недостаток на вработени во технолошкиот процес, старосната граница на вработените е на се повисока граница од работниот век, недостатокот на основни средства за работа е се поедвидентна и тоа од најситните и наједноставни средстава, па се до обновување и одржување на возиот парк.
Сето ова го доведува во прашање извршувањето на основните финкции на Поштата како дејност која што е од есенцијално значење за државата и граѓаните кои на крај се најпогодение од нефункционирањето на Македонски Пошти и негативните ефекти кои што произлегуваат од ваквата состојба. Ова што се случува во нашето друштво е недозволиво и крајно неприфатливо. Неприфатливо е гигант и иинституција како што е Макеоднска Пошта да се доведе до ваков степен на кризна состојба. Едноставно го допревме дното и за тоа мора некој да сноси одговорност, додава Матески.
Протестот ќе се одржува секој ден до 11 часот, а со истиот се отпочнува и постапка за штрајк.