АктуелноОхрид

Во среда ќе се прегласува на ИМ 1272 – опфатени се жителите кои живеат на улицата „Мирче Ацев“

Се информира јавноста дека на 22.05.2024 година (среда) на избирачкото место 1272 во Охрид ќе се врши прегласување. Избирачкото место ќе биде лоцирано во училишната спортска сала која е во рамки на ОУ „Христо Узунов“. Гласачкото место ќе биде отворено од 07:00 часот до 19:00 часот.

Со избирачкото место 1272 се опфатени жители чија адресна на живеење според важечка лична карта им е улицата „Мирче Ацев“.

извор: ОИК