АктуелноОхрид

(ФОТО) Хуманитарни активности на ЗП Охрид и Дебарца

Согласно статутот, програмата за работа , финансискиот план и одлуката на извршниот одбор за 2024 година, Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебарца, а по повод рамазанските и в елигденските празници во 2024г додели социјална хуманитарна материјална помош која се состои во прехрамбени продукти на 114 пензионери со пониски пензии, болни и изнемоштени.

Хуманитарната помош во пакети лично им беа доставени на пензионерите од претседателите и членови во 21 месен огранок во нивните домови на живеење за што пензионерите искажаа голема благодарност на ЗП Охрид и Дебарца.

Исто така при посетата, пензионерите беа запознаени со позначајните активности кое ги превзема здружението во однос на подобрување на животниот стандард со барање и залагање за зголемување на ниските пензии и давање на разна социјална помош, подобрување на здравствените услуги на пензионерите, зголемување на позитивната листа на лекови а посебно на поскапите, намалување напартиципацијата за болничките услуги и друго, а им беа дадени и други потребни објаснувања и корисни информации од нивни интерес.

На ден 7,05.2024г Номче Цаноски, птпретседател на извршниот одбор, Стефан Владимиров секретар на ЗП, Васка Ангелеска претседател на комисијата за здравство, Горка Донеска претседател и Верица Пулеска Заменик претседател на активнот на пензионерки при ЗП Охрид и Дебарца, извршија посета на 24 лица кои се сместени во геријатриското одделение при ЈЗУ Општа болница во Охрид.

При посетата се затекнати лица во геријатриското одделение во Охрид од ЗП Охрид и Дебарца со кој се оствари контакт и им беше доделена хуманитарна помош која се состоеше во крпи ки маици како и велигденски јајца и кифли подготвени од активистки на ЗП со што им беше честитан верскиот празник Велигден,а  беше остварен разговор и со Наташа Настоска, главна медицинска сестра и со дел од старите лица за условите и состојбатаво геријатриското одделение во Охрид.

 

 

ЗП Охрид и Дебарца, Комисија за информирање