Наш изборНаш ИзборОхрид

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа со автомобил

На 05.05.2024 околу 14.45 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од лице на (74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (28) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.