Во текот на вчерашниот ден на работна средба се договори заедно со иницијативниот одбор за изградба на црквата Свети Јован Крстител и свештеникот Александар Матески од Кичевската Парохија како ќе течат понатамошните активности при самата градба. За иконостасот се е договорено, земени се мерки и одма ќе се започне со резбан во ореово дрво и ќе биде дар од Фамилијата од Злате и Јане Крстески. Оваа Фамилија која е позната надалеку во светот по нивните дела со кои се красат голем број цркви и резиденции. И покрај нивните приватни работи активности тие редовно изнаоѓаат време за нашето село и даваат огромен придонес за се што се гради во нашето село за што како Одбор за Обнова и Развој на нашето село сме неизмерно благодарни и среќни што имаме вакви врвни мајстори и несебични луѓе кои секогаш кога е најпотребно се спремни да подадат рака. Да ни се здрави, живи и вековити сите други добронамерници кои изминати години сте рамо до рамо заедно со градителите на нашето село. Да Живее Белица и нашата Македонија, информираат од црковниот одбор.