Во рамки на отворањето на туристичката сезона, Општина Пустец, во соработка со Управата на заштитените подрачја Корча, ја организира Преспа Фест, на која ќе бидат истакнати вредностите на културата, традицијата и кујната, со учество на фолклорни групи од Преспа и фолклорни групи oд Македонија.
Со задоволство ве покануваме на 07.05.2024, во 11:00 часот на Централниот плоштад Пустец, да бидете дел од Преспа Фест заедно да уживаме во убавините на природата, вкусовите на традиционалното готвење и фолклорот на преспанскиот крај.
Општина Пустец со подобрувањето на условите, станува се почеста дестинација за посета и на странските туристи.
Освен чистите езерски води, општината располага и со значајни културно историски објекти примамливи за туристите, пештерската црква “Света Богородица, манастирот “Света Марена”, природните убавини на Националниот парк “Преспа” и секако островот Мал Град.
vesnik-ilinden.com