На ден 20.04.2024г на летната сцена кај Амамот во Охрид пензионерите , членови на КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца по претходна покана од организаторот учествуваше на Интернационалниот „Велигденски фолклорен фестивал“ во Охрид со прикажување на дел од својата разновидна фолклорна програма.
На Интернационалниот „Велигденски фолклорен фестивал“ во Охрид покрај КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца, учествуваа и ансамбли од Ребуплика Црна Гора и Бугарија.
Настапот на КУД „Далги“ беше многу успешен и топло поздравен од многубројната присутна публика со долготраен аплауз.
Со тоа пензионерите членови на КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца ја започнаа својата фолклорна активност за 2024г, пренесувајќи ја традицијата од генерација на генерација.
ЗП Охрид и Дебарца, комисија за инфомирање