МакедонијаНаш ИзборНаш избор

Синодот на МПЦ ОА одлучи да ги вброи во диптихот на светители и Спасе и Спаса Вишенски и преподобно маченичка Стефанида Битолска

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 11 април 2024 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со црковниот живот.

Синодот, по предлог на Синодската комисијата за канонзирање на светии, одлучи да ги вброи во диптихот на светители и исповедниците и праведни Спасе и Спаса Вишенски и преподбно-маченичка Стефанида Битолска.

Синодот смета за потребно да појасни дека независно од личните мислења на поединци и црковни портали, официјалните ставови на МПЦ – ОА се оние кои излегуваат од Портпаролот на Синодот и преку соопштенијата од канцеларијата на САС.

Синодот им посакува на своите верни чеда душеполезен пост и достојно да го дочекаме Христовото Воскресение!

 

Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА