АктуелноОхрид

Одлично второ државно Традиционално Таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија

Македонската Традицонална Теквондо Федрација од страна на Агенцијата за Млади и Спорт,минатиов викенд на 16.03 2024 година , во С.Р.Ц Билјанини извори (мала сала ) се одржа официјално второто државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија во органзиција на Таеквон-до клубот

“МАСТЕР”Охрид, како најстар клуб, од страна на МТТФ ја доби честа да го организира државното првенство во Традицонално Таеквон-до (ИТФ). Учество зедоја 78 натпреварувачи кои натпреваруваа во две дисциплини, во форми и борби, од следните клубови:

Таеквон-до клубот “МАСТЕР”Охрид Таеквон-до клубот “АХИЛИУС”Скопје Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ ”Лескоец Охрид Таеквон-до ИТФ клубот “СОНКАЛ ”Мислешево Струга Таеквон-до ИТФ клубот “ЧОНЏИ” Косел Охрид.

Натпреварувачите покрај што ги бранеа боите на своите клубовите ,некои од нив се бореа за место во репрезентација за учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи наредниов месец во Копер,Словенија од 15-22 април. На наше задоволство и задоволство на сите присутни во салата , натпреварувачите направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма и дека се многу од нив на добар пат за брзо време да се изборат за место во репрезентација. Најдобри поединци во нивните старосни категории , кои покрај медали се закитија и со пехари се:

-најдобро девојче 8-10 години, Меланија Јанеска -најдобро дете 8-10 години, Хриситјан Гагалески -најдобра кадетка 11-13 години, Миа Танеска -најдобар кадет 11-13 години, Даријан Китаноски -најдобра јуниорка 14-15години, Анастасија Чулческа -најдобар јуниор 14-15 години, Климент Богоески -најдобра младинка 16-21 година, Елена Јанеска -најдобар младинец 16-21 година , Владимир Димитриевиќ Истотака претседателот на М.Т.Т.Ф , Марјанчо Лазаревски јавно се заблагодарува на АМС за признавањето на нивниот спорт и нивната пордшка, на општина Охрид кои беа покровители за организирањето на државното првенство во Таеквон-до ИТФ, и на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ“ , кој е најзаслужен за сите нивни успеси, со кои се радуваме сите.

И како што е ред да кажеме кој клуб што освоил. Најдобар клуб на првото државно првенство во Таеквон-до ИТФ е Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ ”Лескоец Охрид со освоени 15 златни, 14 сребрени и 19 бронзени медали , и 6 пехари за најдобри поединци На второто место се најде домашниот клуб , организаторот Таеквон-до клубот “МАСТЕР”Охрид со освоени 7 златни, 6 сребрен и 5 бронзени медали , и еден пехар за најдобар поединиец На третото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот “СОНКАЛ ”Мислешево Струга со освоени 6 златни, 6 сребрени и 3 бронзен медал , и еден пехар за најдобар поединиец На четвртото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот “ЧОНЏИ” Косел Охрид со освоени 2 златни ,3 сребрени и 8 бронзени медали На петтото место место се најде Таеквон-до клубот “АХИЛИУС”Скопје со освоени 2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали М.Т.Т.Ф од 15-22 април 2024 го најавува нивното учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер, Словенија.